40 луѓе се уште се исчезнати по бродската несреќа во Италија

Потонатиот брод Коста Конкордија

Спасувачките екипи се уште траагаат по околу 40 луѓе кои се водат како исчезнати во бродската несреќа која се случи кај италијанскиот островот Гиљо во близина на брегот на Тоскана.
Луксузниот брод Коста Конкордија кој превезувал повеќе од 4.000 патници во петокот вечерта по ударот во карпи, потона во близина на брегот.
Во несреќата 3 луѓе загинаа, најголемиот дел од патниците се евакуирани, но четириесетина луѓе се уште се водат за исчезнати. Спасувачите ноќеска од остатоците на потонатиот брод спасиле пар од Јужна Кореја кои биле на меден месец. Брачниот пар бил заглавен 24 часа во нивната кабина.
Се уште се утврдува која е причината за несреќата. Капитенот на луксузниот брод и неговиот заменик се во затвор, обвинети за повеќе убиства, предизвикување бродска несреќа, и напуштање на бродот.