Меркел- одлуката на Стандар и Пурс не е изненадување

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека пред Европа престои долг пат да ја поврати довербата на инвеститорите, откако вчера Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на девет земји од еврозоната.

Меркел изјави дека одлуката на Агенцијата не била изненадување.

Австрија, која е една од деветте земји на која и беше намален рејтингот од „ААА“ на „АА +“, вели дека е „несфатливо“ тоа што се случило.

Стандард и Пурс го намали долгорочниот рејтинг на Кипар, Италија, Португалија и Шпанија за две нивоа, и рејтингот на Австрија, Франција, Малта, Словачка и Словенија за едно ниво.

Агенцијата го потврди долгорочниот рејтинг на Белгија, Естонија, Финска, Германија, Ирска, Луксембург и Холандија.

Еврокомесарот за економски прашања Оли Рен изјави дека намалувањето на рејтингот на 9 земји на еврозоната е „недоследен“ чекор, бидејки еврозоната презема решителни чекори за ставање крај на должничката криза.