Емирот на Катар повика да се испратат арапски трупи во Сирија

Емирот на Катар, Хамад бин Калифа ал-Тани

Емирот на Катар, Хамад бин Калифа ал-Тани, денеска повика арапските земји да испратат војници за да се прекинат убиствата во Сирија.

Ал-Тани е првиот арапски лидер кој повика да се испратат воени сили во Сирија.
Во насилствата во таа земја кои траат веќе 10 месеци, според ОН загинале повеќе од 5.000 луѓе.

Арапската лига испрати свои набљудувачи во Сирија за да проверат дали сириската влада ги исполнува ветувањата дека ќе запре со насилства против цивилите. Но присуството на набљудувачите малку влијае врз запирање на борбите. И самите набљудувачи се сомневаат дека ќе им успее мисијата во Сирија.