ЕУ: намерата на Самоопределување за блокада на границата со Србија е штетна

Албин Курти - лидер на Самоопределување

Европската Унија им се приклучи на осудите и оценките дека за денеска закажаната блокада на граничните премини Мердаре и Бела земја не се од корист на граѓаните на Косово и неговата европска иднина. Преставникот на ЕУ во Приштина Фернандо Џентили оцени дека тоа нема придонесе за нормализација на добрососедските односи.
Имено Движењето Самоопределување за денеска повика на блокади на овие гранични премини затоа што ,наводно, владата на Косово не ги остварила закључоците на Собранието на Косово за реципроцитет во политичките и економските односи со Србија.
Од своја страна, официјална Приштина и официјална Тирана оценија дека акцијата на движењето „Самоопределување“е екстремистички чин кој е против интересите на Kосово.