Жбогар и официјално претставник на ЕУ на Косово

Самуел Жбогар

Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Самуел Жбогар денеска е именуван за специјален претставник на ЕУ во Приштина, соопштено е во седиштето на ЕУ. Жбогар кон крајот на минатата година беше именуван за амбасадор на ЕУ во Приштина, а со денешната одлука доби уште една функција.Со ова Словенија првпат од нејзиното членство во ЕУ добива значајно место во европската надворешно политичка служба.