Јахјага повика да не се блокираат граничните премини на Косово

Претседателката на Косово Атифете Јахјага денеска изрази загриженост од блокадата на границата што за утре ја најави движењето Самопределување и ги повика граѓаните да не ги блокираат патиштата и граничните премини. На Косово му е потребно отворање на границите и добри односи со сите соседи, изјави Јахјага. Движењето Самопределување ги повика граѓаните на Косово утре да ги блокираат премините Мердаре и Бела земја кон Србија, бидејки косовската влада не ги спровела заклучоците на парламентот за реципроцитет во политичките, економските и трговските односи со Србија.