Сирија ќе го истражи убиството на новинарот

Сирија соопшти дека ќе го поведе истрага во врска со убиството на францускиот телевизиски репортер Жил Жакуе кој загина за време на престојот, организиран од сиријската влада, во градот Хомс. Властите за убиството ги обвинија, како што е наведено, терористичките сили во земјата, додека опозицијата соопшти дека режимот е решен и на ваков начин да се справува со странските новинари. Во меѓувреме, сиријските граничари вратија конвој од 200 сиријски и странски активисти со медицинска помош да влезе во Сирија.