Мјанмар: ослободени политички затвореници

Кин Ниунт

Мјанмар помилува извесен број дисиденти во рамките на новата амнестија во таа земја. Меѓу ослободените е и пораншениот премиер Кин Ниунт кој од 2004 година беше во домашен притвор. Државната телевизија јави дека биле ослободени над 650 затвореници. Партијата на демократскиот лидер Аунг Сан Су Ки оцени дека тоа е позитивен знак за новата цивилна влада во земјата.