Рикер во посета на регионот

Заменик помошникот на американскиот државен секретар, Филип Рикер

Заменик помошникот на американскиот државен секретар, Филип Рикер од 12 до 26 јануари ќе ги посети Србија, Косово, Македонија, Турција и Австрија, дознава Танјуг од Стејт Департментот.
Според информациите од кабинетот на Рикер тој ќе има серија средби со лидери и претставници на невладиниот сектор со кои ќе разговара за низа билатерални и регионални прашања.