Временска прогноза-сончево со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот во северните и западните делови ќе има локални врнежи од дожд и снег кои во текот на ноќта од петок кон сабота ќе преминуваат во снег. Сепак, врнежите се очекува да бидат со слаб до умерен интензитет. Утринската температура ќе се движи од минус осум до нула, а дневната од четири до 11 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде умерено облачно, а кон крајот на денот ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до седум степени.