Вјекослав Беванда избран за премиер на БиХ

Новиот премиер на Босна, Вјекослав Беванда.

Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Хрецеговина денеска го избра економисот Вјекослав Беванда од ХДЗ БиХ за претседател на Советот на министри на БиХ.

За изборот на Беванда гласа 31 од 36-те присутни пратеници на седницата, двајца беа „против“, а тројца се воздржаа од гласање. Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ брои 42 члена.

Со изборот на Беванда се става крај на 15-месечната политичка криза во БиХ, која се уште нема нова централна влада од изборите оджрани во октомври 2010 година.