Сопругот на Тимошенко доби азил во Чешка поради „меѓународна заштита“

Сопругот на затворената поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко, Олександр.

Чешките власти соопштија дека сопругот на затворената поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко, Олександр, добил азил во оваа европска држава како форма на „меѓународна заштита“.

Пред неколку дена, чешкиот министер за внатрешни работи рече дека Олександр Тимошенко побарал „политички азил“ во земјата и му бил одобрен. Сепак, денеска Министерството за внатрешни работи испрати соопштение во кое се наведува дека тоа е „погрешна формулација“ и дека азилот е „форма на меѓународна заштита“. Чешката амбасада во Киев па соопшти дека Чешката Република не дава „политички азил“.

Украинските власти ја критикуваа Чешка зашто му дала политички азил на сопругот на поранешната премиерка, иако тој никогаш не бил политички активен.

Олександр Тимошенко поседува бизниси во Чешка.

Неговата сопруга е осудена на 7 години затвор за злоупотреба на положбата додека беше премиерка на Украина, но на казната се гледа како на политички мотивирана.