Во Косово по војната од мини загинале 114 лица

Куќа во западно Косово во близина на минско поле каде загина едно дете на семејството Гаши

Во Косово како последица од нагазни мини, по војната во 1999 година, животот го загубиле 114 лица, додека 448 се здобиле со телесни повреди.
Министерството на безбедносните сили на Косово наведе дека само лани, Компанијата за деминирање исчистила над 420.000 квадратни метри минирана површина.
Пронајдени се 990 мини, касетни бомби и други средства, посебно во регионот на Призрен, Косовско поле, Ѓаковица, Урошевац, Сува Река, Драгаш и Штиме. Акцијата на деминирање ќе подолжи напролет годинава.