Јапонија ќе го намали увозот на нафта од Иран

Американскиот министер за финасии Тимоти Гајтнер се срентна со неговиот јапонски колега Јун Азуми

Јапонија ќе почне да го намалува увозот на нафта од Иран во знак на поддршка на американските санкции против Техеран поради неговата нуклеарна програма. Јапонскиот министер за финансии Јун Азуми ова го соопшти по средбата со неговиот американски колега Тимоти Гајтнер. Азуми изјави дека светот не може да го игнорира иранскиот нуклеарен проблем. Десет проценти од нафтата што ја увезува Јапонија доаѓа од Иран. Гајтнер изјави дека САД се во рана фаза на консултации со земјите од целиот свет за да се зголеми притисокот врз Иран.