Ахмадинеџад во посета на Куба

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад при посетата на Куба го прогласи капитализмот за банкрот и повика на формирање на нов свет. Ахмадинеџад својот говор го одржа на Универзитетот на Хавана од каде ја доби почесната докторска титула. Тој во Куба пристигна по посетата на Никарагва и Венецуела.
Куба и Иран имаат слични ставови за меѓународните организации и двете земји го осудија долгогодишното американско ембарго спрема Куба и соопштија дека Техеран има право да развива нуклеарна енергија за мирољубиви цели.
Следна дестинација на Ахмадинеџад е Еквадор.