Арапската лига не испрати нови набљудувачи во Сирија

Арапската лига го одложи испраќањето на повеќе набљудувачи во Сирија бидејќи нејзината мисија се соочува со се поголеми потешкотии, јавуваат новинските агенции.
Потегот на Арапската лига следува по информацијата дека 11 од набљудувачите беа повредени при напад на пристаништето Латакија минатата недела. Работата на мисијата е веќе намалена по оставката на еден од нејзините набљудувачи Анвар Малек, а новинските агенции јавуваат дека и други набљудувачи се подготвуваат да си заминат.
Во меѓувреме Франција и ЕУ бараат целосно расветлување на убиството на францускиот новинар во Сирија.
Обединетите Нации соопштија дека од почетокот на антивладините протести во оваа земја загинале над 5 илјади луѓе.