Речиси 50 илјади луѓе загинале во мексиканската војна со наркодилерите

Мексиканските власти соопштија дека 12 903 луѓе биле убиени во насилтвото што избувна од ривалството на криминалните банди во период од јануари до септември минатата година, со што бројот на загинати е за 11 проценти зголемен во однос на 2010 година. Откако претседателот Фелипе Калдерон ја започна војната со наркодилерите и организираниот криминал во 2006-та година во Мексико загинале над 47 илјади луѓе.