Тигрите извлекоа планинари од Караџица

Илустрација.

Припадници на Единицата за специјални задачи „Тигар“ во соработка со хелихоптерската единица при Министерството за внатрешни работи, утринава на планината Караџица учествуваа во спасувачка операција на четири лица, две жени и двајца мажи, од Скопје на возраст од 26 до 36 години.

Заради големите снежни наноси и неможноста сами да се симнат од планинарскиот дом, луѓето беа безбедно евакуирани и транспортирани до Центарот за обука во Идризово. Тие престојувале во планинарскиот дом шест дена, односно од петокот.

Акцијата за спасување, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, започнала во 10:30 часот и успешно завршила во 11:35 часот.