ЕК може да преземе правни мерки против Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Европската комисија предупреди дека може да преземе правни мерки против Унгарија, поради уставните измени, кои, како што се наведува, може да се незаконски според легислативата на Европската унија. Комисијата ќе ја објави одлуката за Унгарија на состанокот што ќе се одржи на 17 јануари. Унгарија е под засилен притисок од ЕУ и од други меѓународни институции поради донесувањето на новиот Устав, со кој, според Унијата, се нарушува независноста на судството, на Централната банка и на Агенцијата за заштита на податоци.