Русија му испорача 9 хелихоптери на Авганистан

Илустрација: Руски хелихоптер Ми-35.

Руското Министерство за одбрана објави дека се испорачани првите девет од 21 хелихоптери за авганистанската влада, кои беа платени од САД. Министерството соопшти дека хелихоптерите Ми-17Б-5 пристигнаа навреме, а според договорот, останатите 12 ќе му бидат испорачани на Авганистан во првата половина од годинава.