Десет години „Гвантанамо“

Денеска се одбележува 10-годишнината од отворањето на затворот во американската база Гвантанамо на Куба, во кој се затвораат осомничени за тероризам. По тој повод, активисти на повеќе организации за човекови права најавија дека ќе направат човечки синџир во Вашингтон од Белата Куќа до Капитол. Затворот почна да функционира по американската инвазија во Авганистан во борбата против терористичката организација Ал Каеда, која беше осомничена за нападите во Њујорк од 2001 година, кога загинаа околу 3000 луѓе.
Низ затворот досега поминале 779 затвореници, а таму моментално има 171 лице. Претседателот Барак Обама кога дојде на власт најави негово затворање до јануари 2010 година, но тоа не се случи.