САД го осудија говорот на Асад и го повикаа да се повлече

Башар ал Асад

САД го осудија последниот говор на сирискиот претседател Башар ал Асад и повторно го повикаа да поднесе оставка. Асад синоќа изјави дека странски сили стојат зад бунтот во Сирија, додавајќи оти на тероризмот ќе му биде одговорено со „железна тупаница“. Нема да бидеме попустливи спрема оние кои работат со странците против нашата држава, рече Асад.
Во меѓувреме, помошникот на Генралниот секретар на ОН Лин Паско соопшти дека во Сирија, по доаѓањето на посматрачката мисија на Арапската лига на 28 декември, загинале 400 лица, а според последните податоци на Светската организација, во оваа земја се убиени повеќе од 5.000 луѓе од почетокот на антивладините протести во март минатата година.