Времето денеска променливо облачно

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура се движи од минус осум до еден, а дневната ќе биде од нула до девет степени.
Во Скопје и околината слично време, со утринска температура околу нулата и со дневна до четири степени.