Арапски набљудувачи во Сирија нападнати од демонстрантите

Анти-владини протести во градот Хомс во Сирија.

Арапската лига соопшти дека 11 нивни набљудувачи во Сирија биле „лесно“ повредени оваа недела кога биле нападнати од анти-владините демонстранти во градот Летакиа. На никој од повредените не му била потребна лекарска помош. Лигата соопштува дека инцидентот не влијаел на работата на набљудувачите, но го осуди нападот и оцени дека сириската влада не успеала да им обезбеди заштита.