Вељаноски во официјална посета на Приштина

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и косовската претседателка Атифете Јахјага на средба во Приштина.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски е во официјална посета на Приштина. Тој се сретна со неговиот косовски колега Јакуп Красниќи, претседателката на Косово Атифете Јахјага, а ќе биде примен и од премиерот на Косово, Хашим Тачи.

Вељаноски е првиот македонски државник во официјална посета на Приштина.

Во состав на делегацијата која ја предводи првиот парламентарец се и пратениците Јани Макрадули, Талат Џафери и Светлана Карапетрова, членови на групата за соработка на македонското Собрание со Парламентот на Косово.