Ставрески смирува - пензии ќе има

Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Пензионерите можат да бидат сигурни дека пензиите и понатаму ќе ги добиваат навреме и нема да бидат намалени, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

„За разлика од тоа што се случува во другите земји, ние ќе настојуваме тогаш кога кризата ќе се смири, а тоа очекуваме да се случи до крајот на 2012 година, да донесеме одлуки за етапно зголемување на пензиите, онака како што е ветено во Програмата на Владата“, рече Ставрески.