Грчки екстремисти упаднале во атинско радио

Околу 20 млади луѓе изутрината упаднале во просториите на атинското радио Флеш по што радиото почнало да емитува пораки со поддршка на екстремистичката група Револуционерна борба чии членови се на суд. Полициски сили ја опколиле зградата од каде што групата повикува на оружена борба и го негира, како што се наведува, капиталистичкото правосудство. Револуционерна борба е позната по тоа што нејзини членови истрелале ракета врз американската амбасада во Атина во 2007 година.