Убиени десетина талибанци во Авганистан

Авганистанската полиција соопшти дека во заедничка операција на авганистанските и странските сили во северниот дел на земјата биле убиени 10 талибански бунтовници. Во денешното соопштение на НАТО се прецизира дека во текот на акцијата која била изведена вчера биле заробени уште 30 талибанци.