Во Берлин средба меѓу Меркел и Лагард

Германската канцеларка Анегела Меркел

Германската канцеларка Анегела Меркел денеска во Берлин ќе се сретне со извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард. ,,Станува збор за неформален состанок,, изјави портпаролот на германската канцеларка Штефан Шејберт, додавајќи дека по средбата не е предвидена прес конференција. Меркел вчера во Берлин разговараше со францускиот претседател Никола Саркози за нивните обиди за излегување од должничката криза во која се наоѓа еврозоната.