Шефот на кабинетот на Белата куќа поднесува оставка

Шефот на кабинетот на Белата Куќа Бил Дели

Шефот на кабинетот на Белата Куќа Бил Дели ќе поднесе оставка. Претседателот Барак Обама на негово место го наименува директорот за буџет Џек Ли. Оваа смена ќе стапи во сила до крајот на месецов. Дели дојде во Белата куќа пред една година со цел да ги зацврсти односите со бизнис заедницата. Тој за време на администрацијата на поранешниот претседател Бил Клинтон беше секретар за трговија, а во 2000 година ја предводеше претседателската кампања на Ал Гор.