Олександр Тимошенко - Власта сака физички да ја уништи жена ми

Олександр Тимошенко.

Сопругот на затворената поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко, Олександр изјави дека бил принуден да побара политички азил во Чешка поради авторитарното владеење во Украина.

Тој рече дека властите се обидуваат „физички да ја уништат“ неговата сопруга. Целиот свет треба да разбере дека на режимот на Јанукович не му треба Јулија Тимошенко жива, рече тој.

Олександр Тимошенко ги повика европските земји да „наметнат санкции против властите и нивните семејства, особено против синовите на Јанукович, највисоките функционери во обвинителството, безбедносните служби, судиите и инспекторите кои учествувале во фалсификување на случајот против Јулија Тимошенко.“

Поранешната украинска премиерка беше осудена на 7 години затвор за злоупотреба на службената должност додека беше премиерка.