Кина ја критикува новата воена стратегија на САД

Воена парада на кинеската армија во 2009 година во Пекинг.

Кина денеска ја критикуваше новата воена стратегија на САД која се фокусира на Азија и на Пацификот. Американскиот претседател Барак Обама ја претстави стратегијата во четвртокот. Кинеското Министерство за одбрана ги предупреди САД да бидат „внимателни во своите зборови и постапки“ и соопшти дека внимателно го следат влијанието на новата стратегија.