Саркози - Новиот европски договор до 1 март

Францускиот претседател Николас Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција во Берлин.

Францускиот претседател Николас Саркози повика, новиот европски договор за воведување построга буџетска дисциплина да биде потпишан до 1 март. Тој денеска се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

Во меѓувреме Германија продаде 3,9 милијарди евра во шестмесечни обврзници со негативна камата што прв пат се случува на аукција. Тоа значи дека куппувачите на обврзниците и плаќаат на германската влада да им ги чува парите, а за тоа нема да добиваат камата. Овој потег го потенцира статусот на германската економија, која е најголема во Европа, како сигурно место од тековната должничка криза во еврозоната.