Загинаа четворица руски војници во Чеченија

Илустрација: Руски сили во Чеченија.

Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека исламските бунтовници убиле четворица, а раниле 16 руски војници, кога федералните сили нападнале скривалиште на бунтовниците во планинскиот регион во Чеченија. Кремљ се бори со исламските бунтовници на северен Кавказ од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.