Туристите од Кожуф се евакуираат со ратраци и булдожери

Илустрација: Снег.

Со специјални возила – ратраци попладнево почна евакуацијата на туристите од Ски-центарот Кожуф кои беа заглавени од снежното невреме и високите навеви снег. Центарот за управување со кризи, информира дека шест лица веќе се спуштаат до местото викано Смрдлива Вода, а понатаму со булдожер на Македонија пат се пренесуваат до Гевгелија. До вечер се очекува да се спуштат уште 15 лица, а евакуацијата на другите да се изврши во утринските часови.

На Кожуф се уште врне снег. Навевите на 12-километарскиот пат достигнуваат и до пет метри во висина. Се очекува снег да врне до среда.