Запалена новогодишната елка во Куманово

Илустрација: Куманово.

Опожарена е деветметарската елка што беше поставена на градскиот плоштад во Куманово. Пожарот избувнал ноќта помеѓу сабота и недела, околу 2 часот.

Територијалната противпожарна единица реагирала навреме, а увид извршила и екипа на кумановската полиција. Се уште не се познати причините за пожарот, но градските власти информираат дека истата ноќ биле уништени и светлечки украси поставени на тревникот на градскиот плоштад.

Властите најавуваат дека ако истрагата утврди дека причината за пожарот е човечки фактор, ќе преземат мерки за надомест на штетата која се проценува на околу пет илјади евра.