Нови напади врз шиитите во Ирак

Железницата од Багдад кон Карбала.

Двајца шиитски верници загинаа во експлозија на крајпатна бомба во предградие на Багдад во последниот од серијата напади во земјата во кои само изминатава недела беа убиени повеќе од 80 луѓе. Властите соопштија дека бомбата експлодирала кога верниците оделе кон шиитскиот свет град Карбала на верска церемонија.