На Хрватска и на Унгарија им се заканува рецесија

Влада на Хрватска

Министерот за финансии на Хрватска Славко Линиќ во интервју за РТЛ го потврди тврдењето на Фајненшел Тајмс дека Хрватска и Унгарија имаат големи изгледи да влезат во рецесија.
Причините за тоа се високиот јавен долг и опасност од новиот економски пад. Излезот, според Линиќ, е да се намали потрошувачката и да се стегнат јавните финансии. Унгарија минатата недела се согласи на безусловна помош од ММФ.