Во Иран осуден на смрт бивш американски маринец

Иранската полудржавна новинска агенција Фарс јави дека Иранската револуционерна гарда го осудила на смрт поранешниот американскиот маринец поради, како што се наведува, шпионажа за ЦИА.
Како што пренесе Ројтерс, станува збор за американецот од иранско потекло Амир Мирза Хекмати осуден за сорамотка со непријателска земја и соработка со ЦИА. 28 годишниот Хекмати, кој има исто така и иранско државјанство беше уапсен во Декември и беше обвинет дека бил трениран во американска база во соседен Авганистан. Тој беше изведен пред телевизија каде што призан дека бил шпион на ЦИА испратен да се инфилтрира во иранското разузнавање. Неговото семејство во САД пак соопшти дека Мирза патува во Иран за да ја посети својата баба. САД побараа Хекмати да биде ослободен.