Претседателот на Филипини утре очекува терористички напад

На 9 јануари секоја година, луѓе со дрвена статуа на Исус Хрустос, позната како Црниот Назареец, парадираат низ тесните улици на Манила од утро до полноќ.

Претседателот на Филипини Бенињо Акино предупреди на можен терористички напад за време на утрешната годишна католичка процесија во Манила. Тој рече дека неколкумина терористи што планираат да ја нарушат церемонијата биле забележани во главниот град. Акино вели дека полицијата се обидува да ги уапси осомничените и да спречи напад, но не можеше да потврди дали се работи за членови на милитантната организација Абу Сајаф, која одржува врски со Ал Каеда. Организацијата Абу Сајаф има извршено неколку крвави напади во Манила во минатото.

На 9 јануари секоја година, луѓе со дрвена статуа на Исус Хрустос, позната како Црниот Назареец, парадираат низ тесните улици на Манила од утро до полноќ. Церемонијата привлекува десетици илјади верници.