Авганистан планира да отвори амбасада во Грција до крајот на март

Илустрација: Мигранти од Авганистан во Франција.

Авганистан планира да отвори амбасада во Грција до крајот на март, за да помогне во справувањето со илегалните авганистански мигранти таму, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Џанан Мусазаи.

Тој рече дека Кабул во исто време ќе ја затвори амбасадата во Бугарија.

Мусазаи вели дека околу 50 илјади Авганистанци нелегално влегуваат во Грција секоја година, но оти многумина од нив се фатени, затворени или се заробени без пари и без документи.

Тој посочува дека владина делегација лани обезбедила 650 пасоши за Авганистанци што сакале да се вратат дома и барале од грчките власти да ослободат околу 100 луѓе што се во притвор за нелегален влез во земјата.