Косовската полиција нема да толерира блокади на патиштата

Граничниот премин Мердаре.

Косовската полицијата нема да толерира никакви илегални блокади на патиштата, соопшти Министертвото за внатрешни работи на Косово, како реакција на плановите на движењето „Самоопределување“ за организирање протести на премините „Мердаре“ и „Бела Земја“ на границата кон Србија.

„Нема да дозволиме правото на граѓаните да протестираат и да искажат незадоволство да се злоупотреби на штета на слободното движење на другите луѓе и стоки на територијата на Република Косово. Косовската полиција има подготвено оперативен план за попречување на блокадата на премините „Мердаре“ и „Бела Земја“, како и на магистралните патишта кои водат кон овие премини“, стои во сопштението на косовското Министерство за внатарешни работи.

Министертвото, како што јавува МИА, во исто време апелира до граѓаните да не поддржуваат илегални форми за изразување незадоволство.

Претставниците на „Самоопределување“ најавија дека на 14 јануари ќе ги блокираат споменатите гранични премини со Србија и оти нема да си заминат од таму „се додека Владата целосно не ја спроведе одлуката донесена од Парламентот за реципрочни мерки кон Србија“.