Републиканска дебата во Њу Хемпшир - Сите по Ромни, тој по Обама

Републиканскиот кандидат Мит Ромни и неговата сопруга Ен.

Кандидатите што се натпреваруваат за номинација од Републиканската партија за кандидат за претседател на САД одржаа дебата во Њу Хемпшир пред гласањето во вторник.

За време на дебатата, противкандидатите вербално го нападнаа фаворитот Мит Ромни, поранешен гувернер на Масачусец. Ромни, кој според анкетите, е во голема предност во Њу Хемпшир, ги насочи критиките кон актуелниот претседател Барак Обама.

Поранешниот гувернер на Масачусец освои тесна победа во Ајова минатата недела. Претседателските избори се во ноември.