Тадиќ: Србија нема да дозволи отстранување на нејзините институции од Косово

Претседателот на Србија Борис Тадиќ, кој престојува во манастирот Дечани, во близина на Пеќ, на Косово, ги повика косовските срби да истраат и да не се откажуваат од нивната црква, вера и национален идентитет. Тадиќ додаде дека Србија нема да дозволи нејзините институции да бидат отстранети од северно Косово, оценувајки дека тоа би довело до егзодус на србите од Косово. Тој повтори дека Србија нема намера да го признае Косово.