Рускиот патријарх Кирил повика на дијалог меѓу власта и опозицијата

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, денеска ја повика владата да ги слуша демонстрантите, да започне дијалог со нив и на тој начин, според него, се ќе биде во ред во земјата. Во телевизиското интервју по повод Божиќ, Кирил оцени дека треба да се слуша општеството и да се смени курсот. Во Русија, по парламентарните избори, зачестија демонстрациите против режимот, а нови се закажани за 4-ти февруари, на еден месец пред претседателските избори, на кои главен фаворит е премиерот Владимир Путин.