Сопругот на Тимошенко доби азил во Чешка

Сопругот на затворената бивша украинска премиерка Јилија Тимошенко, Олександар доби политички азил во Чешката Република. Портпаролот на чешката полиција Павел Новак потврди дека му е даден азил на 51 годишен бизнисмен Олександар Тимошенко.
Неговата сопруга Јулија Тимошенко е осудена на 7 години затвор за злоупотреби на функцијата додека била премиер во процес кој за опозицијата и Запад е политички мотивиран. Пред една година, Чешката република му даде азил и на министерот за економија во владата на Тимошенко Бохдан Даниличкин што го предизвика официјален Киев да протера двајца чешки дипломати од Украина обвинети за шпионажа во мај 2011 година.