Иран најави нова воена вежба

Командантот на иранската воена морнарица адмирал Али Фадави денеска најави дека во февруари ќе биде одржана нова иранска воена вежба во Ормускиот теснец. Иран во регионот на Персискиот залив деновиве изведе 10 дневна вежба. Сето ова, според агенциите, може да значи чекор поблиску кон иранско затворање на Заливот поради се поцврстите санкции од страна на меѓународната заедница против Иран.