Белорусија: построг закон за употреба на интернет

Законот со кој се ограничува употребата на интернет во фирмите и државните институции во Белорусија денеска стапува на сила, јавуваат агенциите. Меѓу одредбите е и таа што од интернет кафулињата и провајдерите се бара да ги идентификуваат и да ги чуваат сите податоци на клиентите за посетените веб страници. На оние што ќе го прекршат законот им се заканува парична казна од над 120 долари.