Поранешниот командант турската армија и натаму во затвор

Генерал Илкер Башбуг

Судот во Турција наложи поранешниот началник на Генералштабот на турската армија, генералот Илкер Башбуг, да остане притворен под обвиненија за обид на уривање на Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Башбуг е обвинет за „раководење банда“ и обид за уривање на Владата по насилен пат.
Генералот Башбуг, кој се повлече во 2010 година, е највисокиот турски воен претставник обвинет во истрагата за дејствувањето на т.н. мрежа Ергенекон - група воени офицери која се сомничи за низа заговори за уривање на власта.