Дневен печат - Глигоров се вгради во македонската државност

Граѓани му оддаваат последна почит на првиот претседател на самостојна Македонија Киро Глигоров пред седиштето на СДСМ.

Човекот што се вгради во македонската државност, Глигоров беше архитект на независна Република Македонија - дел од насловите во весниците.
„Човекот што се вгради во македонската државност“; „Црвенковски: Глигоров беше архитект на независна Република Македонија“; „Погребан Киро Глигоров“ - ова се само некои од насловите во Утрински, Нова Македонија, Вечер, со кои во изминатите денови ги регистрираа загубата и простување на нацијата од првиот претседател на суверена и независна Македонија, Киро Глигоров.

Може ли Македонија да чека толку долго колку што може премиерот Груевски - дилема што ќе се расчисти во 2012 година.
Утрински весник.
Инаку, во анализата за економската состојба во земјава под наслов: „Несигурноста ќе ја обележи 2012 година“, Нова Македонија цитира мислења на домашни бизнисмени кои сметаат дека државава прво мора да ја дефинира својата национална стратегија и потоа да спроведува политики што ќе водат кон остварување на таа цел, а ако некои политики не даваат резултати, треба да се менуваат.

Премиерот Никола Груевски се потпишува во книгата на жалост за поранешниот претседател Киро Глигоров во вилата Водно во Скопје.


„Плаќаме поскапи храна, пијалаци, облека, услуги“ - насловува Дневник, кој ги пренесува пресметките на Државниот завод за статистика во кои е наведено дека цените на мало во декември минатата година биле за 4 отсто повисоки од истиот месец 2010 година.
Кој Срѓан Керим купил стан на Менхетен во Њујорк?
Фокус.

И Утрински анализира каква ќе биде новава година - но од политички аспект поврзан со името: „Може ли Македонија да чека толку долго колку што може премиерот Груевски - дилема што ќе се расчисти во 2012 година“ - прашува и предвидува весникот.

Нова Македонија, пак, ги анализира новогодишните обраќања на двоецот Груевски - Црвенковски, па во насловот пишува дека Црвенковски го засенил Груевски: „За Груевски минатата година беше успешна, веројатно затоа во новогодишниот говор од него не можеше да се чуе ништо за некои други работи, како на пример, за цената на струјата и на парното, за гасот што ја задушува индустријата или за срамотно килавиот процес на лустрација“.

Дневниот Фокус има неколку интересни наслови: „Кој Срѓан Керим купил стан на Менхетен во Њујорк?“ и „Јанакиески со години прима совети за аеродромите само од една иста фирма - Нако од Холандија, која од Министерството за транспорт добива по 2.240 евра дневно само за надзор на договорот со ТАВ за концесија на аеродромите во Скопје и во Охрид“.

И уште еден наслов го привлекува вниманието во дневниот Фокус: „Силни пари истекувале на сите страни од проектот Скопје 2014 - ревизорскиот извештај за Министерството за култура открива чуда“.

Вечер, пак, го интересира имотната состојба на политичарите, па насловува дека „Ахмети поседувал земја во Албанија, а Влатко Ѓорчев во Хрватска“.